Состојба во ковид-центрите: Нови 31 пациенти за 24 часа во Скопје, вкупно во болниците во државата има 1.000

Во изминатите 24 часа во ковид -центрите во Скопје се хоспитализирани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Со тоа, вкупно 436 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, најмногу приеми имало на Интерните клиники- 23, потоа во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ – 6 и 2 на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, од викендов отворени се и работат ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Бројката на лица кои се на болничко лекување поради компликации од ковид во целата држава е над илјада.

Претходна вестОд „играчка“ до „плачка“ со џипот „БМВ“ многу е мала границата
Следна вестНајголем интерес за попис има кај нашинците во Швајцарија, најмал во Канада и Австралија