Како во акционен филм: Украле кола, бегале и пукале кон полицијата

Вистинска драма се одвивала вчера во населбата Маџари, откако непознати лица украле автомобил, по што почнале да бегаат, а кога полицијата почнала да ги следи, пукале кон неа.

Сцената се одвивала вчера попладне, кога сопственикот пријавил дека му е украдено возилото. Полицијата го забележала во Маџари и почнала да го следи. Кога крадците ја забележале полицијата, го оставиле возилото и почнале да бегаат.

Едно од лицата испукало еден куршум кон нив, но за среќа никој не е повреден, по што и полициски службеник испукал еден куршум во воздух.

Возилото му е вратено на сопственикот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестГерманија и Франција запреа да вакцинираат со „Астра Зенека“ – СЗО уште бара докази дали прави проблеми
Следна вестАко ЈСП има преземено мерки против ковид, тогаш зошто во 24-ка е како во продавница за топол леб?