Ако ЈСП има преземено мерки против ковид, тогаш зошто во 24-ка е како во продавница за топол леб?

Иако Јавното сообраќајно претпријатие за целото изминато време на кризата тврди дека ги обезбедува мерките за заштита од ковид 19, редовни и чести линии, помалку метеж на автобуските станици… како сето тоа да е само теоретска заложба. На терен сликата е загрижувачка, а секојдневно ја гледаме или во живо или преку фотографиите што ги испраќаат скопјани.

Последната што вчера исплива на социјалните мрежи е за линијата број 24. На неа нема ниту дистанца, а очигледно е дека линиите не се зачестени за да може да се растерети метежот, туку напротив тој е огромен и загрижувачки.

-Ова е нов кластер. Ни зборуваат за мерки дистанца и маски, а не ни ги обезбедуваат ниту основните услови за тоа!
-Ова е секојдневно во 24-ка, не е само сега, и како потоа граѓаните се виновни кога тие немаат избор, ниту пари и мора да одат со автобус!
-ЈСП ако вие сте презеле нешто тогаш како е возможно сликата да е ваква?!- коментираат скопјани.

Во Македонија трендот на новозаболени и починати како последица на ковид 19 расте. Освен мерката полициски час од 22 до 5 часот, сите други остануваат исти, а за многу од лекарите, се нелогични. На пример, како е можно маските на отворено да се задолжителни, а во кафеани и ресторани каде ниту има дистанца ниту е отворено, да се движиме слободно?- коментираат докторите.

Претходна вестКако во акционен филм: Украле кола, бегале и пукале кон полицијата
Следна вестРоман на годината за 2020 е „Скриени желби, немирни патувања“