Донесена е одлука за смена на директорот на струшката болница Мухамед Асани кој е дел од скандалот со дебарскаат родилка Јилдиз Веапоска на која и беа извадени три органи при породувањето. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција потврди дека донесена е одлука да се разрешување на Асани.
-Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и нов ќе се назначи во текот на денешниот или утрешниот ден, рече Филипче.
Родилката Веапоска го обвини Асани за тоа што при породувањето кој тој го изведувал останала без бубрег, матка и јајник.
Инаку, Филипче претходно реши и да формиранова комисија која ќе треба да го разгледа случајот.