На територијата на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за некористење на сигурносен појас на двајца возачи а за зборување на мобилен телефон на тројца возачи, соопшти денеска МВР.
Во текот на вчерашните контроли за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 77 санкции, 9 за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Имало и три казни за минување на црвено светло и 76 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.