Македонските ракометарки со победа над Исланд ги стартуваа квалификациите за бараж на СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедливи 24-17 го победи Исланд на отварањето на квалификациите за пласман во баражот за СП.

Македонија лошо тргна, беше 2-2, по што следуваше серија од 5-0 за Исланд со која гостите дојдоа до водство од 7-2. Но брзо дојде до пресврт, нашата репрезентација направи серија од 9-1 и на полувремето заминавме со предност од 11-8.

Вториот дел повторно почна со серија на Исланд кои дадоа пет голови едноподруго и дојдоа до предност од 13-12. Но Македонија ја имаше расположената Ристовска која имаше фантастична партија и беше моторот на тимот за нов голема серија со која се одлепвме и на крајот славевме со убедливи 24-17.

Ристовска со 11 голови беше нашата најдобра ракометарка на овој меч, Ѓорѓиевска постигна шест, Серафимова запиша осум одбрани.

Со оглед дека првите две репрезентации од групата се пласираат во баражот за СП, Македонија, речиси, ја заврши работата. Утре од 17 часот со Литванија и в недела во истиот термин со Грција, треба само да го потврди првото место.

Претходна вестУапсени двата сина убиениот Дилавер Бојку
Следна вестКонтроли на МВР: Двајца возачи не користеле појас, тројца зборувале на мобилен телефон…