Контроли на МВР: Двајца возачи не користеле појас, тројца зборувале на мобилен телефон…

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за некористење на сигурносен појас на двајца возачи а за зборување на мобилен телефон на тројца возачи, соопшти денеска МВР.

Во текот на вчерашните контроли за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 77 санкции, 9 за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Имало и три казни за минување на црвено светло и 76 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестМакедонските ракометарки со победа над Исланд ги стартуваа квалификациите за бараж на СП
Следна вестЧудна стратегија: На врата ќе ни тропнат нови рестрикции, ама и попишувачи