Ракометарките обезбедија бараж за СП по денешната победа против Литванија

Македонската женска ракометна репрезентација го обезбеди најмалку второто место во квалификациската група за местото во баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија, откако на вториот натпревар од квалификациите славеше убедливо против Литванија со 31-21.

По вчерашната победа над Исланд од 24-17, избраничките на Симе Симовски со вториот триумф си го обезбедија баражот. Убедлива игра против Литванките кои пружија нешто посилен отпор во првото полувреме, но не доволно за евентуалено изненадување.

Најефикасни во македонскиот состав беа Ристовска со осум погодоци а Стојковска заврши со пет гола. Серафимова и Мицевска запишаа по осум одбрани на голот, а Мицевска мечот го заврши и со еден постигнат погодок.

Утре, повторно од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“, Македонија ќе се соочи и со селекцијата на Грција.

foto:rfm.mk

Претходна вестШкендија го декласира Вардар
Следна вестОблачно и врнежливо, температура до само 3 степени