Облачно и врнежливо, температура до само 3 степени

Времето во Скопје денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде околу 2, а максималната ќе достигне само до 3 степени.

Во останатиот дел од Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во утринските и ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер, во југоисточните делови од југоисточен, а во останатите од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

И утре времето ќе биде слично – облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Претходна вестРакометарките обезбедија бараж за СП по денешната победа против Литванија
Следна вестВо СДСМ денеска членството го избира лидерот, какви промени во раководството тој ќе донесе на претстојниот конгрес?