Димитриевски постави услови:  Во наредните 24 часа раководството на СДСМ да поднесе оставки, ВМРО-ДПМНЕ да не заговара јавна или тајна соработка со Заев

ЗНАМ има кумулативни услови кои СДСМ треба да ги исполни за евентална можна соработка, изјави денеска лидер на ова Движење Максим Димитриевски. На прес-конференцијата тој рече дека ги изнесува неговите лични ставови и ставовите на ЗНАМ и во однос на соработката во ВМРО-ДПМНЕ.

-Прво, во наредните 24 часа раководството на СДСМ да поднесе комплетни неотповикливи оставки од сите можни функции во партијата. Второ, носителите и коносителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати, а ќе ги преземат кандидатите кои следуваат на листите по нив. Трето, да се обврзат дека ниту тајно ниту јавно нема да продолжат да заговараат соработка со сегашната ДУИ, за навистина, а не само формално, туку и суштински, да покажат дека ја примиле вистински пораката од граѓаните и постапиле веднаш, рече Димитриевски.

Овие услови, според него, не се за понижување, туку за одговорност на ова раководство на СДСМ, кои, како што рече, овие потези требало да ги повлече многу одамна.

-Нашите работни групи се подготвени за разговори и евентуална соработка со некое преодно ново раководство на СДСМ кое ќе изрази политичка волја за ревидирање на досегашните нивните политики за најважните национални прашања, рече тој.

Димитриевски упати порака и до ВМРО-ДПМНЕ дека се согласува со нивните програмски определби дека не прифаќаат уставни измени под бугарски диктат и не прифаќаат соработка со ДУИ.

-Тоа се наши ставови. Први излеговме зад тој став и ќе стоиме зад тоа. Се наметнува една дилема која на ЗНАМ му е важно да биде расчистена во целост пред работните групи да разговараат за можна идна соработка. Барам да потврдите дека не е точно дека дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ заговара јавна или тајна соработка со поранешниот премиер Зоран Заев преку неговите фикс кандидати за пратеници, како што е Венко Филипче и други за обезбедување на двотретинско мнозинство во новиот собраниски услов, со што се имплицира дека селективна правда ќе има во наредната влада, рече Димитриевски.

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на 8 мај и да гласат и за претседателски и за парламентарните избори.

-Да гласаат по сопствено убедување, порача тој.

Претходна вестДозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо
Следна вестМицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив