Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Турција дозволи екстрадиција на Љупчо Палевски, соопшти денеска министерот за правда Кренар Лога. Во објавата на неговиот профил на Фејсбук тој наведе дека за тоа е добиено официјално известување.

-Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда, објави министерот.

Љупчо Палевски е осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски, а во бегство е од крајот на ноември. Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во школо. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

Претходна вестОсигурителните компании денеска не ги вратија старите цени на автомобилско осигурување
Следна вестДимитриевски постави услови:  Во наредните 24 часа раководството на СДСМ да поднесе оставки, ВМРО-ДПМНЕ да не заговара јавна или тајна соработка со Заев