Осигурителните компании денеска не ги вратија старите цени на автомобилско осигурување

Осигурителните компании денеска не ги вратија старите цени на автомобилско осигурување, а што вчера од нив побара Министерството за финансии. Цените на полисите за возилата и денеска останаа непроменети иако барањето беше да се вратат на ниво од пред 25 април 2024 година.

Вчера. Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на вчерашниот ден да им предложи на друштвата за осигурување да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на претходното ниво.

Министерството за финансии на нов состанок кој се очекува да биде закажан за денеска, ќе одлучува за доставување на предлог до владата за формирање на нов тарифник. Владата денеска има редовна владина седница, но се уште не се знае дали предлогот за нов тарифник за осигурителните полиси ќе биде разгледуван.

На средбата во Министерство за финансии се очекува повторно да присуствуваат претставници од финансии, од Агенција за супервизија на осигурениците и од Националното биро.

Инаку, минатата недела осигурителните компании донесоа одлука да ги покачат цените за полисата за возилата за 15, 4 отсто, со образложение дека не се променети повеќе од 10 години, а трошоците им се пораснати.

Претходна вестУште една принова во скопската Зоолошка градина, се роди бебе алпака
Следна вестДозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо