Уште една принова во скопската Зоолошка градина, се роди бебе алпака

Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа Фејсбук.

– Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан.

Претходна вестАстра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти
Следна вестОсигурителните компании денеска не ги вратија старите цени на автомобилско осигурување