Променливо облачно и топло со попладневен дожд

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 12 степени, а дневната од 17 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Температурата изутринава изнесуваше 9, а преку ден ќе достигне 25 степени.

 

Претходна вестМицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
Следна вестПразнувајте, ама покротко со педалата за гас…