Празнувајте, ама покротко со педалата за гас…     

Денеска се празнува. Неработен ден е за многумина. Некои од нив ќе патуваат до излетнички места, до туристички места… ќе се зголеми фреквенцијата на возила на патиштата.

Сето тоа е убаво, особено ако убаво и се заврши. А еден од условите за тоа е да се вози според прописите. Завчера на пример преку 130 возачи биле казнети по македонските патишта од страна на полицијата бидејќи возеле пребрзо. Околу десетина возила се движеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, едно возило со дури над 70 километри на час.

Ајде, на празников таквите работи да бидат ставени по страна. Возачите да се држат до сообраќајни правила и прописи, а полицијата да биде поприсутна со своите контроли.

Доколку секој возач даде својот пролог со умерено и внимателно возење црните биланси кои често се случуваа за време на празничните денови можат значително да се намалат. За тоа не треба многу, доволно е само помала употреба на педалата за гас, а поголема на онаа за сопирање…

Претходна вестПроменливо облачно и топло со попладневен дожд
Следна вестМеѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со протест, се бараат поголеми плати, надомест за превоз и храна…