„Пописот треба да се одложи и затоа не отворам врата“. Оваа речемица се погласни се кажува низ Македонија.
„Ќе има казни“. Оваа реченица се почесто ја кажува власта.
Вчера од Владата одново се заканија со затворски казни и до пет години на оние што повикуваат на бојкотот на пописот на населението. Напоредно со тоа се и најавите дека и со по 300 евра ќе се казнуваат оние граѓани кои ќе одбијат да се попишуваат.
–Повикувањето и бојкотот на регистрацијата е кривично дело, исто е како да се пружа отпор и непочитување на законите и државните органи, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.
Значи, оние кои сметаат дека не е вистинско време за вршење на пописот, кои сметаат дека постои голем ризик од ширењето на корона вирусот на тој начини, кои сметаат дека не смеат да си го ризикуваат здравјето, кои сметаат дека законските решенија не се добри и кои се сомневаата во политичкиот договор за тоа кој народ колку проценти ќе го има… ќе се соочуваат казни.
Пописот, тврди власта, морало по секоја цена да се направи оти веќе не можело да се чека и одлага и дека државата секоја година губела многу пари поради немањето на податоците за тоа колку жители и државјани каде има. А така е веќе цели 19 години од последниот регуларен попис.
А дали некој ќе биде казнет поради тоа? Дали некој ќе плати парична или ќе отслужи затворска казна бидејќи дозволил за толку долго време да не се одржи попис? Некој кочел или злоупотребувал и од минатата и од оваа власт која веќе 4 години го има последниот збор во Македонија. И никој не е за казна што да речеме пописот не се спровел во 2015 или 2019 година?
Вака, излегува најлесно е за властите – закани им се на граѓаните со казни и терај си работа…