Со ЛЕД светилки осветлени училиштата и градинките во Ѓорче Петров

Поставени се 92 енергетски ефикасни светилки во училиштата и градинката ,,Росица” во Ѓорче Петров, со што финишира проектот ,,Со мобилност до инклузија преку безбедно осветлени патеки”, соопшти денеска општина Ѓорче Петров.

Во шестте училишта и два објекти на градинката ,,Росица’’, поставени се 92 ЛЕД светилки, 71 столб, 71 фундамент, 1239 метри напојни водови. Во училиштето ,,Ѓорче Петров‘‘ во населбата Дексион и ,,Мирче Ацев‘‘ соодветно со концентрирано светло осветлени се и два пешачки премини.

-Ѓорче Петров е една од 9-те општини која го доби проектот спроведуван од УНДП ,,Зајакнување на општинските совети” со финансиска поддршка на СДЦ- Швајцарската агенција за развој и соработка. Граѓаните го избраа проектот во 2020 година како најприоритетен, преку форум на заедницата. Истиот се спроведува со грант во износ од 2.700.000 денари, обезбеден во рамките на проектот, се наведува во соопштението.

Претходна вестЗа пратениците имаа само еден исправен пат– да си одат дома
Следна вестСкопјанец пред влезната врата добил писмо со шок-бомба