Писмо во кое е пронајдена шок-бомба било оставено прексиноќа пред влезната врата на станот на еден скопјанец.
-Во СВР Скопје, синоќа пред 21 часот, Р.С.(64) пријавил дека пред неговиот стан на ул.„Франклин Рузвелт“, сосетката Н.У. пронашла плико во кое имало шок бомба. Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.