Регистрирани се 1.320 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, инаку во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања. Починале 35 пациенти.
Новозаразените се во: Скопје – 604, Куманово – 80, Битола – 72, Велес – 62, Охрид – 60, Кавадарци и Штип – по 44, Прилеп – 43, Гостивар – 40, Гевгелија – 38, Тетово – 29, Струмица – 28, Неготино – 23, Струга – 20, Кочани – 19, Кичево – 18, Радовиш и Берово – по 10, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Ресен, Виница и Богданци – по 7, Делчево, Валандово и Крушево – по 6, Демир Капија – 5, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 4, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 16 пациенти од Скопје (89г,87г,82г,79г,76г,72г,70г,69г,69г,68г,68г,65г,64г,62,57,54), 4 пациенти од Битола (78г,68г,65г,63г), 3 пациенти од Струмица (80г,64г,62г), по 2 пациенти од Кочани (71г,62г) и Прилеп (84г,69г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г). Од пријавените, 35 лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 514 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.