Попишувачите ненавремено ќе бидат имунизирани, пописот треба да се одложи

Секојдневно се откажуваат попишувачи од различни градови. Последната информација е за Кичево. Се откажале уште неколку, во исто време кога заврши и теренската обука за тие кои ќе треба да влегуваат по домови. До овој момент официјално е дека теренското попишување почнува на 1 април, односно во среда.

Но, голем број граѓани се на ставот дека нема да им ја отворат вратата на попишувачите заради алармантните бројки на новозаразени и починати, односно заради стравот од ширење на заразата. Власта пак, им порача дека ќе ги вакцинираат попишувачите и тоа уште на првиот ден од стартот на пописот, оти денеска стигуваат 24 илјади дози на „Астра зенека“. Но ова не ги смири луѓето, па непрестајно реагираат на социјалните мрежи, пред камерите, преку пораки до медиумите:

-Како мислите дека ако им ставите вакцини на 1 април ќе бидат веднаш имуни? А втората доза кога? После пописот, па дајте не ја навредувајте нашата интелегенција! Тие нема да бидат имунизирани!
-Како можеа одеднаш попишувачите да бидат на приоритетна листа? Како за нив одеднаш вакцини ќе има? А другите ранливи групи? Што ви е на вас?!
-А наместо да вакцинирате попишувачи преку ред, да го одложите пописот?
-Изгледа некому не му е важно дали воопшто ќе отвориме врата кога попишувачите ќе дојдат…

Директорот на државниот завод за статистика неколку пати најавуваше кривични пријави за оние кои нема да отворат и за оние кои ќе повикаат на бојкот. Подоцна се испостави дека нема основа за таков вид казнување. Ќе се одлучи ли сепак, во очи на стартот на пописот, пред среда, истиот да се одложи?

Претходна вестБранот пак мавна: Починале 35 пациенти од вирусот, новозаразени се 1320 лица
Следна вестСтрумичките актери и побараа оставка на министерката Стефоска, ќе ги послуша ли?