За сега се празни репертоарските календари на Македонскиот народен театар и на Драмски за месец април. Во очекување на новиот распоред за тоа кои претстави се на репертоарот за месецот кој почнува во среда, љубителите на театарската уметност се прашуваат дали можеби високите ковид бројки на новозаразени и починати повторно ќе ги затвори театрите?
Такви строги препораки за сега нема. Единствена препорака од Комисијата за заразни болести е продолжување на полицискиот час до 6 април, а дали потоа ќе се заоструваат или пак ќе се стопира работата на театрите останува да се чекат новите одлуки.