Конечно и Македонија ѝ врачи протестна нота на Бугарија, ја предизвика европратеникот Џамбаски

Протестна нота упатило македонското Министерство за надворешни работи до Министерството за надворешни работи на Бугарија по објавувањето на скандалозно видео на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење, Ангел Џамбаски.

-Ќе ги известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени, стои во реакцијата на македонското МНР.

Џамбаски во скандалозното видео ги промовира големобугарските соништа порачувајќи дека Македонија е бугарска, а Бугарија е над се.

-Колку повеќе лажете толку повеќе вистината ќе сјае. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај. Колку посилно врескате со вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај. Македонија е бугарска, а Бугарија е над сè. Гласајте за ВМРО, наведува тој во видеото.

Откако неколкупати повтори дека Македонија е бугарска, му се обрати директно на Заев со истата порака и со додавката:

-Заев! Почитуван! Колку и да се вртиш, Македонија е бугарска. И колку и да се вртиш, Албанија секогаш ќе биде од запад, порача Џамбаски.

До сега имаше многу вакви или слични напади врз Македонија од страна на бугарски политичари, но скоро никогаш македонската допломатија не реагираше со нота.

Претходна вестПулмологот Ангелко Ѓорчев е Македонецот кој паднал во кома по вакцинирањето во Ниш
Следна вестНоси ли кинескиот министер за одбрана и датум на испорака на вакцините?