Носи ли кинескиот министер за одбрана и датум на испорака на вакцините?

Во Македонија денеска во официјална посета ќе претстојува кинескиот министер за одбрана, генерал Веи Фенгхе. Како што е соопштено, министерот Фенгхе ќе го посети Министерството за одбрана, а потоа како што е најавено, ќе оствари средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека министерот би можел да ни каже кога конкретно ќе бидат испорачани кинеските вакцини кои нашата земја ги порачала од кинескиот производител Синофарм.

-Очекувањата се дека со себе ќе донесе надеж и најава кога би можеле да пристигнат и кинеските вакцини, со коишто ќе започне масовната имунизација на населението, изјави Заев при посетата на Велес.

Земјата треба да добие 200 илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Познато е, околу оваа набавка се случија многу скандалозни работи. Министерството за здравство го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на вакцини од „Синофарм“, но договорот сепак не беше откажан. Уплатата била повлечена на барање на кинеската страна поради усогласување на документацијата. Потоа се испостави дека нарачката е правена преку фантомска фирма со седиште во Хонг Конг.

 

Претходна вестКонечно и Македонија ѝ врачи протестна нота на Бугарија, ја предизвика европратеникот Џамбаски
Следна вестСЗО: Ковид-19 најверојатно потекнува од животно, а не од лабораторија