Омаж за Љупчо Тодоровски – Упа вечерва во Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија, вечерва ќе одржи омаж за прерано починатиот актер, кастинг-директор, сценарист и продуцент Љупчо Тодоровски – Упа. Во негова чест ќе биде прикажан мини-документарец подготвен од неговите пријатели и соработници, како и „Налепница“ на Георги М. Унковски, каде Упа оствари една од последните улоги и „Јазол“ на Кирил Ценевски, во кој дебитираше.

неговата кариера бележи триесетина кратки и долгометражни играни филмови и ТВ серии на повеќе јазици. Потписник е и на петнаесетина театарски режии и има одиграно десетици улоги во проекти и во театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и на безброј разни други сцени.

Љупчо Тодоровски – Упа е еден од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапува во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, воден од творечкиот немир и можноста за почесто играње на филм, заминува за Белград, каде останува цели 10 години… Го „пече“ занаетот покрај искусни и водечки југословенски актери, настапувајќи во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997 год., покрај актерството, се занимаваи со филмска и ТВ продукција, пишува сценарија и работи кастинг директор (избор на актери)…,

Најпознатите филмови во кои играше се „Јазол“ (1985), „Пред дождот“ (1994), „Освета (2001), „Војната заврши“ (2010), „Џган“ (2016), „Ругање со Христос“ (2018) и во краткиот игран филм „Налепница“ (2019).

Претходна вестСончево со малку облаци, темпeратура до 18 степени
Следна вестШто ни помогнаа кавгите на Пендаровски и Филипче?