Што се случува на Скопското кале? Веќе извесно време таму се гради, дел од медиумите ја отвораат темата, нo нема многу информации. Опозицијата предупредува дека таму „никнуваат марокански хотели“, информација што никој не ја демантира, ниту пак некој објаснува што се случуа, кој гради, како го прави тоа среде тврдината – која е културно и историско наследство…
-Кале културна тврдина или Кале бетонска тврдина ?!Замислете во просторот на најголемото културно наследство на градот во 2020 за 1 година никнува огромно бетонско здание! Додека нашето Кале се уште го чека елаборатот за ревалоризација веќе 4 години, додека Петре вели го чекам Српче, Српче вели ја чекам Управата за заштита на културното наследство кои го чекаат Конзерваторски центар Скопје, мароканско-андалузиската архитектура нас не дочека!- пишува Владимир Нелоски од ВМРО ДПМНЕ на Фејсбук.
Надлежните мора да објаснат што се гради на скопската тврдина, кој гради, кој тоа го дозволил, зошто…?
Невозможно е некој да ги уништува спомен обележјата пред нос, а надлежните да премолчуваат или да се кријат од јавноста. Мора да се делува брзо и да се заштити Калето. Па тоа е едно од главните обележја на Скопје.