Прв успех за Христо Ковачи во Италија од 21 натпреварувач трката ја заврши 7ми

На првата трка за оваа сезона 2021 година, во Јесоло Италија, на квалификациите од 21 натпреварувач во класата “микромакс” Христо Ковачи обезбеди 8ма позиција за старт. Во формирачкиот круг поради контакт со друг натпреварувач излета од патеката со што стартуваше последен.  

Првата трка од 21ви успеа да ја заврши на 12та позиција и од истата стартуваше во втората трка. Втората трка напредуваше со уште две позиции – заврши на 10та позиција. Третата трка од старт на десетта позиција успеа да заврши на 5та позиција, меѓутоа поради казна од три секунди официјално е седми во таа трка, појаснуваат од неговиот тим.

Тимот АСК Рацинг кои го прателе и 2020 година забележале подобрување на неговите возачки способности и покрај големата пауза од тренинзи, ова се должело на неговата огромна желба и потенцијал за напредување и остварување на успеси во овој спорт.

 

– Веруваме дека оваа година ќе имаме можност и да тренираме на стазите на кои ќе учествуваме за разлика до сега каде учеството беше директно на трка. Целта е да има повеќе тренинзи за постигнување на подобри резултати а со тоа и освојување на повеќе подиуми. Оваа година Христо Ковачи треба да земе учество во вкупно 11 трки и ќе се бори во четири шампионати: Централно Европска Зона, РМЦ Австрија, ССЦ Спорт Стил Купот и Српскиот Шампионат, покрај овие четири шампионати доколку се организира и Македонскиот Шампионат оваа година секако ќе учествуваме. Имено би сакале официјално да искажеме голема благодарност за безрезервната поддршка и доверба во Христо од страна на МАМА’С, додаваат од тимот.

Оваа сезона за 2021 година првата трка ја реализираа во Јесоло, Италија, сега следуваат две трки во Белград, Србија и две трки во Птуј, Словенија; како и по една трка во Вранско, Словенија, Рехниц, Австрија, Брук, Австрија, Кечкемет, Унгарија и Нови Мароф, Хрватска.