Вкупно 142 возачи вчера биле казнети поради пребрзо возење на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп во рамките на полициските контроли.
-Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила за движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, се наведува во информацијата на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението.