Филипче: Преносливоста на вирусот падна под 1, но остануваме претпазливи

Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се  дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во објавата на Фејсбук тој наведе дека утрово имал редовна координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје.

-Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен, наведе Филипче.

Претходна вестЕкономијата заздравувала, ама граѓаните тоа не можат да го почуствуваат
Следна вестЈСП „Скопје“: Во текот на викендот нема да сообраќаат неколку линии