Експертите на Светската здравствена организација не препорачуваат имунизација против Ковид со две различни вакцини. СЗО се уште не знае кои би биле ризиците од ваквото вкрстено вакцинирање.
Прашањето за вакцинирање со две различни вакцини се појави откако голем број земји ја забранија Астразенека за лица помлади од 60 години. На дилемата дали е безбедно втората доза да биде од друг производител, секоја земја излзе со одговор. Така, британските здравствени власти препорачуваат по првата доза на Астразенека и втора доза од истата вакцина. За разлика од нив, Франција препорачува по 12 недели лицето да се вакцинира или со Фајзер или со Модерна. Различни мислења има и меѓу имунолозите.
Во тек се и клинички истражувања. Во Британија се тестира мешањето на дозите на Астразенека со Фајзер, а првите резултати се очекуваат за неколку месеци. Во исто време се разгледува и можноста за комбинирање на Астразенека и Спутник за да се подобри квалитетот на вакцината.