Превезувал мигранти од Мароко- приведен велешанец

Полициски службеници од Полициска станица Штип вчера го лишиле од слобода лицето Ј.Ш.(39) од Башино село, Велешко, бидејќи при извршена контрола и преглед на патничко моторно возило „рено меган“ со велешки регистарски ознаки, кое тој го управувал, било констатирано дека превезува две лица-мигранти од Мароко.

Како што соопштија од МВР, Ј.Ш. е задржан во полициска станица, додека лицата-мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Гази Баба“ за понатамошна постапка.

Претходна вестХоспитализирани 73 пациенти за само 24 часа во Ковид центрите во Скопје
Следна вестСЗО не препорачува вакцинација со две различни дози вакцини