Европол: Албанија е главен извор на трговија со канабис во ЕУ

Албанија останува главен извор на трговија со канабис во Европската унија и претставува закана за европската економија и општество, е констатација содржана во последниот извештај на европската полиција (Европол) под наслов „Процена на заканата за тежок и организиран криминал“.

Според Европол, 40 проценти од активните криминални мрежи во ЕУ се вклучени во трговија со дрога.

-Најраспространет илегален производ останува канабисот, кој во случајот на Албанија се транспортира главно по морски пат до Италија. Над 60 проценти од организираниот криминал се извршува со употреба на насилство и исто толку, корупција, мито па се до софистицирани шеми со милиони долари, констатира Европол, пренесува, Ора њуз телевизија.

Претходна вестСАД ја поддржаа одлуката на Јапонија да испушти радиоактивна вода во Пацификот
Следна вестЈа јавнаа државата бидејќи сме сенилни