Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 76 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Во последното деноноќие на интерните и на хируршките клиники имало 34 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 17 примени пациенти, а 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 новозаразени, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 62 оздравени пациенти.
Во моментот во ковид-центрите во цела држава има 1.768 лица кои се на лекување од компликации од ковид. Нешто повеќе од 1.000 се во болниците во другите градови, а 725 во Скопје.