РФМ воведува нов систем на натпреварување во Суперлигата

На последната седница Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука за промена на форматот на натпреварување во домашното првенство.

Бројот на екипи во ракометната Суперлига од сезоната 2021/22 ќе биде намален на 12, што значи дека само двaтa најдобри тимови од плеј-аутот ќе останат во елитата, додека пак прволигашки статус ќе стекне само првиот од Првата лига на Македонија. Бараж за влез во Суперлигата ќе играат второпласираниот од Првата лига и третопласираниот од плеј-аутот.

Од сезоната 2022/23, бројот на екипи во лигата ќе се намали за уште два клуба, вкупно десет.

Екипите кои ќе настапуваат во СЕХА Лигата, од следната година во домашното првенство ќе играат како и сите други од првото коло на регуларниот дел од сезоната, а не како досега од плеј-офот.

Новина е и правилото кое ќе стапи во сила од сезоната 2022/23. Бројот на странски ракометари ќе мора да изнесува максимално шест, а тоа правило ќе важи само за натпреварите од домашното првенство.

Претходна вестЕвропски експерти ја проценуваат вакцината „Спутник V“, Индија ја одобри за употреба
Следна вестКовид во 24 часа: Повторно над 70 новопримени во болниците во Скопје