Талентираниот голман Марко Кизиќ е нов голман на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер се пофалија дека потпишале тригодишен договор со супер талентираниот голман Марко Кизиќ кој по крајот на актуелната сезона се се сели во битолскиот прволигаш.

– Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ, е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година. 20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција, соопшти Еурофарм Пелистер.

Кизиќ, роден скопјанец, е дете на Вардар. Висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Веќе има настапи за сениорската репррезентација на Македонија за која дебитираше уште во 2019 година, а има искуство и од Лигата на шампионите и СЕХА лихата играјќи за „Црвено-црните“.

Претходна вестБраво, златен, сребрен и бронзен медал за млади математичарки на Европската женска математичка олимпијада
Следна вестАвтомобил повреди полицаец на службен мотор во Кисела Вода