Браво, Пандев стигна до 100 гола во Серија А, големи тренери му бараат да не се пензионира

Македонскиот фудбалски виртуоз Горан Пандев синоќа испиша нова истирија и собори нов рекорд. Имено, во натпревар со неговиот тим Џенова против Беневенто, тој постигна два гола и стигна до 100 голови во италијанската прва лига – Серија А.

Пандев по натпреварот остана скромен каков што е секогаш:

-Среќен сум што дојдов до 100-тиот гол во Серија А. Искрено не помислував дека ќе дојдам до оваа бројка. И среќен сум што тоа го постигнав во дресот на Џенова. Што да кажам за мојата иднина. Мојата намера е после ЕУРО да ја завршам кариерата. Сепак треба да разговарам со претседателот и спортскиот директор на Џенова“, истакна пред новинарите Пандев.

Ваквиот успех не остана незабележан во фудбалска Италија. Прв со коментар се јави тренерот на големиот Интер каде Пандев порано играше многу успешно.

-Не се пензионирај, имаш уште да дадеш на фудбалот, истакна Антонио Конте, додавајќи дека лани се разговарало за негово повторно ангажирање во Интер.

Да не се пензионира бараат и тренерот и сопственикот на Џенова.

Претходна вестЛДП, ДС и ДОМ се договараат за заеднички настап на локалните избори
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе фрли 70 милиони евра, за 10 минути побрзо пристигнување од Ѓорче до Аеродром