Симе Симовски повеќе не е селектор на женската репрезентација

По двата високи порази на Македонските репрезентативки  РФМ  спогодбено го раскина договорот со селекторот.Симовски на клупата седна во 2015 година.

– Ракометната Федерација на Македонија ја информира јавноста дека Македонската куќа на ракометот и г. Симе Симовски, на 22 април 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката за ангажманот на женските национални селекции.

Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г. Симе Симовски кој ја извршуваше оваа функција непречено во периодот септември 2015 – април 2021 година.

Управниот Одбор на РФМ во периодот кој следи ќе назначи нов вршител на функцијата Селектор на женските национални селекции.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија, пишува во соопштението.

Претходна вестПриведен 59-годишник кој намамувал малолетнички на обљуба и им се заканувал со силување
Следна вестОбвинет за шверц на мигранти избегал пред суд