Приведен 59-годишник кој намамувал малолетнички на обљуба и им се заканувал со силување

Поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба, полицијата вчера го приведе 59-годишен маж Б.Т. од село Ореовица, радовишко.

Тој се сомничи дека им испраќал еротски фотографии на малолетнички  преку социјалната мрежа Фејсбук.

-Извршен е претрес во домот на М.А.(63) во село Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство, соопшти МВР.

Освен ова, осомничениот им се заканувал на малолетничките дека ќе бидат киднапирани и силувани ако кажат некому за пораките.

Претходна вестСо двоглед инвеститори да гледаш
Следна вестСиме Симовски повеќе не е селектор на женската репрезентација