Нови 48 примени во болница со компликации од ковид во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно се лекуваат 661 пациент, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти и 8 билe примени на Инфективната клиника. Во Козле  билe примени 3 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

Во болниците во другите градови им 924 пациенти со ковид, додека во цел држава во ковид-центрите се хоспитализирани 1.585 лица со компликации.