Дефинитивно паѓа бројот на новозаразени, но на починати и натаму висок – 39 за 24 часа

Триесет и девет лица починаа во изминативе 24 часа како последица на ковид. Од нив 18 од Скопје (52г, 53г, 62г, 66г, 71г, 71г, 73г, 73г, 74г, 74г, 78г, 79г, 80г, 82г, 83г, 85г и 91г), по три починати лица од Охрид (64г, 81г и 82г), Тетово (63г, 80г и 81г), Струмица (72г, 73г и 80г) и Кавадарци (70г, 82г и 83г), по две лица од Прилеп (66г и 67г) и Куманово (58г и 80г), по едно лице од Битола (74), Велес (79), Штип (77), Кочани (71) и Пробиштип (63). Сите починати пациенти кои се на возраст од 52 до 91 година, се починати во болнички услови.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на Ковид-19 во Скопје –209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево  по 3, Берово, Делчево и Крушево по 2 и по еден во Дебар, Богданци и Македонски Брод.

Регистрирани се 641 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392, од кои 8.203 во Скопје.

Претходна вестАпасиев во разговор со рускиот амбасадор се оградил од антируските изјави на министерот Османи
Следна вестОбвинение за скопјанец кој во јануари запали паркирани возила