Електронски учебници и интернет – па нели образованието по закон е бесплатно?!

Според законот за образование, основното е бесплатно. Со воведување на електронски учебници бесплатното образование како да исчезнува. Родителите ќе треба да обезбедат компјутери, минимум еден, а ако имаат повеќе деца…, како и интернет…

-Со ова завршува ерата на бесплатното образование. Позади ова се крие некоја политика која што искрено не ми се допаѓа, редно време е да се тргне политиката од образованието. Политичарите треба да знаат дека образованието не е заради дневно политички цели туку треба да се гледа 15 години напред. Ние негативните последици ќе ги почувствуваме подоцна, а сигурен сум дека ќе ги има, бидејќи за концепцијата не се консултирани ниту наставниците ниту родителите, изјави наставникот Гоце Бумбаровски.

Министерката Царовска не смета дека децата со електронските учебници ќе изгубат, оти како што рече ќе се набавеле таблети за сите кои немаат компјутери. Но прашањето е зошто и сега на истиот начин државата не интервенираше оваа година и пол ковид криза, за тие кои немаа пари да им купат на децата соодветни уреди за следење на онлајн наставата? Зошто сега родителите да веруваат дека ќе биде поинаку?

Но и ова не е се. И натаму останува енигма како ќе се реши проблемот со оние ученици кои немаат ниту пристап до интернет? Изгледа се работи за само уште една експресна самопрогласена реформа без консултација ниту на родители ниту на наставници, а најмалку на ученици… Како претходната, со елиминација на историјата и географијата како посебен предмет.

А да споменеме и повторно, бесплатното школство како да станува многу скапо за родителите.

Претходна вестВо затворот во Штип пронајдена дрога
Следна вестМакедонски ученици се во жирито за најдобар Европски филм за млада публика