Шилегов: Просторот кај паркингот до ГТЦ треба да доживее трансформација, но каква – ќе одлучуваме заедно

Тој простор треба да доживее промена, трансформација, но каква ќе биде ќе одлучуваме заедно, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов во врска со планот за градба на паркингот кај ГРЦ. Тој рече дека од негова позиција не е во ред да кажува за таа тема, но му пречи што жителите на Ново Маало во 21-век не можат да направат било што на своите објекти.

Прашање на естетика е дали го личи градот таму да има повеќе висококатници. Тоа што мене ми пречи е дека во центарот на градот имаме дупка буквално. 40-50 години имаат забрани да направат било што. Имате локации каде што нема канализации и за мене тоа не е нормално, рече тој.

Инаку, вчера жителите на населбата Ново Маало започнале правни консултации и велат дека ќе ги искористат сите правни механизми доколку Општина Центар одлучи да го суспендира ДУП, со што би се спречила изградбата на комплексот кај „Холидеј ин“.

-Откако вчера ја поднесовме петицијата до Владата и Општина Центар со која бараме во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот, акт кој би ја спречил изградбата на комплексот кај Холидеј ин, ние жителите на Ново Маало почнуваме со мобилизација на правен тим во одбрана на нашите ставови, се вели во соопштението.

Претходна вестДа сум градоначалник на Скопје ќе ги ослободам тротоарите од секакви пречки
Следна вестАнтикорупциска комисија за ДУП-от во Центар: Обвинителство да ја утврди одговорноста на Тодоровиќ, Жерновски…