На ред за вакцинација се пратениците, ќе работат ли потоа поодговорно?

Вакцинација на пратениците во македонскиот парламент ќе се изврши денеска во салата „Борис Трајковски“ како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.

Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи, од 10 до 18 часот. На 14-ти овој месец беа вакцинирани собраниските служби.

-Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура, информираат од Министерството за здравство.

Да се надеваме дека вакцинирањето ќе даде поттик пратениците да работат поревносно во интерес на граѓаните на Македонија.

Инаку, во салата „Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години. 

Претходна вестОблачно со повремен дожд и умерен ветер
Следна вестБилборди по скопските улици со јасна порака: Во каков град сакаме да живееме…