Облачно со повремен дожд и умерен ветер

На скопското подрачје денеска ќе преовладува облачно време со повремен дожд и слаб до умерен северен ветер. Температура ќе се движи од 9 до 15 степени.

Во останати делови од Maкедонија времето ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 Целзиусовви степени.

И утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови, особено во југозападните и јужните делови од земјава. Дневната температура дополнително ќе се намали, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Претходна вестМакедонски ученици се во жирито за најдобар Европски филм за млада публика
Следна вестНа ред за вакцинација се пратениците, ќе работат ли потоа поодговорно?