Поради поткуп приведен државен инспектор за животна средина

Приведен е инспектор од Државниот инспекторат за животна средина под сомнение дека примил поткуп. Според неофицијалните информации, тој е осомничен дека примил поткуп за да не изврши контрола на плац за продажба на делови од хаварисани возила. Наводно поткупот бил во висина од 200 евра.

Во синиќешното соопштение Државниот инспекторат за животна средина го потрври и го осуди овој настан.

-Го осудуваме секој обид на инспекторите да остварат материјална корист од прикривање на законски прекршувања на загадувачите. Соработката која ја воспоставивме со Министерство за внатрешни работи за случаи поврзани со загадување на животната средина дава резултати. Апсењето на државен инспектор за животна средина заради сомневање дека примил поткуп е доказ дека сме решени да се пресметаме со корупцијата и да ја вратиме довербата во институциите, соопшти ДЖЗС.

Во соопштението се додава дека очекуваат надлежните органи детално да го истражат случајот со цел негово решавање во согласност со законот.

-Нема да дозволиме злоупотреби на службената положба. Одлучни сме да застанеме на патот на корупцијата која е составен дел на криминалот во животната средина, потенцира ДЖЗС.

Претходна вестАлбанскиот народен правобранител бара укинување на 14-дневниот карантин за граѓаните од Македонија и од Грција
Следна вестЛекар од скопска Итна помош почина од корона вирусот