ВМРО-ДПМНЕ: Обрач за кош во Аеродром купен за 15.000 денари

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Аеродром Дејан Митевски на својот Фејсбук – профил објави документи од Електронскиот систем за јавни набавки, според кои актуелното раководство во оваа скопска општина, за еден обрач на кош платила 15 илјади денари без ДДВ.

-Обрач за кош на тендер во Општина Аеродром чини 15.000 +ДДВ. Златко Марин како наставник по физичко знае дека во продавница обрач за кош чини многу, многу помалку. Златко исто така знае дека криминалните тендери за многу брзо ќе му се удрат од глава, напиша Митевски на Фејсбук и во прилог на објавата и спринскрин од набавката..

Претходна вестНови 48 примени во болница со компликации од ковид во Скопје
Следна вестДел од жителите на Ново Маало, освен протести и ќе тужат ако не се гради кај Холидеј Ин