ЛДП, ДС и ДОМ се договараат за заеднички настап на локалните избори

Разговори за заеднички настап на есенските локални избори водат партиите ЛДП, Демократски сојуз и ДОМ, кои сега се дел од владината коалиција. На последните парламентарни избори тие беа дел од коалицијата предводена од СДСМ. Неодамна, лидерите на овие партии најавија дека на локалните избори ќе настапат самостојно, а сега воделе преговори за заеднички настап. Во случај на договор тие ќе настапат со заеднички листи за советници и заеднички кандидати за градоначалници. Разговори се водат и со некои од партиите на Турците и Ромите, кои не сакаат да коалицираат со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ДС Павле Трајанов во изјава за медиумите рече дека се водат преговори, а тие веќе објавиле повик за кандидати за градоначалници и советници. Барањето да не се настапува во коалиција со СДСМ било од локалните партиски организации. Трајанов во последен период имаше големи забелешки и критики за состојбите во државата, но во парламентот се уште ја подржува владата која ја критикува.

Според сознанијата, начелен договор за заеднички настап веќе бил постигнат и тој во следниот период треба да се официјализира. Целта им било да се наметнат како трета политичка опција, покрај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. 

Претходна вестОбјавен е конкурс за наградата 18 мај-Меѓународен ден на музеите
Следна вестБраво, Пандев стигна до 100 гола во Серија А, големи тренери му бараат да не се пензионира