Темен режим Режим на светлина

Скопско секојдневие: 47 лица возеле пребрзо, 10 биле без возачка…

Полицијата и вчера казнувала за сообраќајни прекршоци во Скопје кои навистина ги има премногу. Имено, вкупно 156 возачи на територијата на главниот град на Македонија се казнети зарази прекршување на сообраќајните правила и прописи.

Меѓу нив, како што информира МВР, за возење над дозволената брзина казнети биле 47 возачи, 10 добиле казни за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, три за мининување на црвено светло, пет прекршоци ги направиле возачи на мотоцикли, три санкции биле изречени за некористење сигурносен појас, пет за непочитување првенство на минување, три за непрописно престројување на возила и 41 санкција за непрописно паркирани возила.

Високи бројки на казнети но така е скоро секој ден, а сообраќајната некултура продолжува. Дали треба повеќе контрола и други мерки, за тоа?

Од МВР уверуваат дека сообраќајние контроли продолжуваат и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе фрли 70 милиони евра, за 10 минути побрзо пристигнување од Ѓорче до Аеродром

Следна објава

Избрани пет нови обвинители во тимот на Вилма Рускоска, некои кандидати отпаднаа...