Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе фрли 70 милиони евра, за 10 минути побрзо пристигнување од Ѓорче до Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Трамвајот на тркала нема да го реши сообраќајниот метеж во градот туку решението се две подземни сообраќајници, e став на советничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Скопје. Таа реагира на вчерашното потпишување на кредит од 70 милиони евра со кој ќе се плати воведување на брзиот автобуски систем.

-Мрзливиот Шилегов ќе фрли 70 милиони евра, за 10 минути побрзо пристигнување од Ѓорче до Аеродром. БРТ не е решение и истиот ќе создаде и голем сообраќаен метеж. Проектот за БРТ кој е замислен да се протега од Лисиче до Ѓорче Петров ќе го уништи средишното зеленило на булеварите „Видое Смилевски – Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски – Питу“, „Кочо Рацин“ и „Партизански одреди“, реагира советничката група.

Тие велат дека ќе се загрози и главната водоводна цевка која се наоѓа на 2 метри длабочина во средишната зона на „Партизанска“. Укажуваат и дека пристапот на патниците ќе биде потежок.

-Патниците ќе бидат принудени да поминуваат три ленти за да стигнат до автобуската постојка или при излегување од автобусот да го поминат булеварот, а не како сега директно од автобусот да се најдат на пешачка зона, со што се загрозува безбедноста во сообраќајот, но и се отвора потреба од пешачки натпатници, што е многу скапо, а нивното користење до сега се покажало како минимално од страна на граѓаните, посочуваат советниците

Тие потенцираат дека решението треба да се бара во две подземни сообраќајници.

-Едната од Влада до Комплекс банки која ќе го скрати патувањето за половина час од Аеродром до Карпош т.е. исток – запад и обратно. И втората позади Рамстор со иновативни кружи текови на две нивоа која комплетно го решава проблемот со сообраќајот од насока Карпош – Кисела Вода и обратно, се наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Браво, Пандев стигна до 100 гола во Серија А, големи тренери му бараат да не се пензионира

Следна објава

Скопско секојдневие: 47 лица возеле пребрзо, 10 биле без возачка...