Избрани пет нови обвинители во тимот на Вилма Рускоска, некои кандидати отпаднаа…

Обвинителите Лиле Стефанова, Катерина Коларевиќ, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Наташа Поптрајкова на денешната јавна седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција чиј шеф е Вилма Рускоска.

Стефанова, Пеливанов и Ајро се од поранешното СЈО, Коларевиќ од Скопското, а Поптрајкова од ОЈО Струмица.

На конкурсот за избор на 5 обвинители во ова обвинителство беа пријавени 14 кандидати. Меѓу нив имаше и други обвинители од СЈО, како Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска и Љубомир Лапе, но тие, како и останатите петмина други обвинители пријавени на конкурсот не ја добија поддршката од членовите на Советот на јавни обвинители.

На седницата треба да бидат избрани петмина обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Претходна вестСкопско секојдневие: 47 лица возеле пребрзо, 10 биле без возачка…
Следна вестНе е историски ден кога земаш голем кредит, туку кога градиш од заштеди