Објавен е конкурс за наградата 18 мај-Меѓународен ден на музеите

Објавен е конкурсот на здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) за доделување на Годишната награда 18 Мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2019 и 2020 година. Целта е да се поттикне, популаризира и афирмира музејската дејност.

Материјалите треба да бидат доставени најдоцна до 7 мај 2021 година по пошта или рачно на следната адреса Здружение МНК ИКОМ (НУ Музеј на Република Северна Македонија), ул. Јосиф Михајловиќ бр. 7 1000 Скопје или на електронска пошта: [email protected].

Од Здружението МНК ИКОМ информираат дека заради условите на пандемија на Ковид -19 изминатата година, наградата ќе се додели одвоено за 2019 и 2020 година. Наградата се доделува за неколку различни категории а истите се објавени јавно на страната на здружението.

Претходна вестДиректорите од струшките училишта до Царовска: Дигиталните учебници ќе преставуваат проблем
Следна вестЛДП, ДС и ДОМ се договараат за заеднички настап на локалните избори